На последните дебати и средби на симпатизерите и поддржувачите на партијата на власт, се почесто слушаме говори на луѓе со одамна невидена страст и љубов кон политичките лидери.
Не сме сосема сигурни на што се должат овие изливи на емоции на отворена сцена – дали на некаква посебна атмосфера што се создава на овие сеанси, дали на тоа што луѓето досега немале шанса да ја изразат својата огромна љубов кон политичките лидери, или можеби на внимателната организација на настаните.
Како и да е, овој феномен заслужува внимание не само на новинарите, туку и на социолозите. Прибидејќи вакво нешто не сме виделе уште од времето на Киро Глигоров, а поточно уште од времето на Тито.