Пендаровски до Заев: Со мене како претседател ќе имате внатрешен „камшикар”

Една госпоѓа го праша Пендаровски, дали ќе му дозволи на актуелниот претседател  да си го земе со себе фикусот (Хорхе), на што претендентот за таа функција одговори дека нему не му треба фикус.

963

Публиката му поставуваше прашања на претседателскиот кандидат поддржан од владејачките партии Стево Пендаровски, на првиот митинг од кампањата.

Една госпоѓа го праша Пендаровски, дали ќе му дозволи на актуелниот претседател  да си го земе со себе фикусот (Хорхе), на што претендентот за таа функција одговори дека нему не му треба фикус.

Пендаровски го потсети премиерот Зоран Заев, кој присуствуваше на митингот, на неговата изјава дека ни треба еден „камшикар” од Брисел кој ќе ни каже кои демократски стандарди да ги употребуваме за да напредуваме и му порача дека со него како претседател ќе има и внатрешен “камшикар”.

– Не ми паѓа на памет ако некој ми се појави со 61 потпис за мандатар да не го дадаммандатот или пак со месеци носени закони во Парламентот двапати да не ги потпишувам. Нема на таков начин да бидам злосторник против својот народ и својата држава – рече Пендаровски.

Тој вети дека ќе потпишува закони кои се исклучиво во интересите на граѓаните и дека доколку за некој закон смета дека не е во ред ќе седне со премиерот, било кој да е, и ќе се обидат да го поправат тој закон.

Заев рече дека Пендаровски како претседател на државата нема да прима наредби од никого, ниту од премиерот.

– Јас сум премиер, ама претседателот е прв и ќе си го слушаме. Кога ќе треба и ќе не мава. Конечно, ќе имаме претседател со кој ќе можам да работам – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...