Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лажните вести што вечерва ги шират одредени интернет портали за наводни блокади и вонредни технички прегледи на автобуси кои носат симпатизери на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Охрид.
„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека станува збор за класични лаги и манипулации. Ниту има блокади ниту било какви технички прегледи туку станува збор за класична лага“, се наведува во соопштението.