Еден ден пред посетата на Алексис Ципрас на Скопје, прв грчки премиер кој доаѓа во официјална посета на државата од осамостојувањето, попладнево е поставена табла со новото име Република Северна Македонија на владината зграда.
Новото уставно име е напишано на македонски, албански и на англиски јазик.
Таблата со Влада на Република Македонија беше симната од зградата на Владата откако беше сменето уставното име на државата.