Демократската унија за интеграција синоќа во Дебар одржа промотивна конвенција на кандидатот за градоначалник на општината, Хекуран Дука.
Обраќајќи се пред дебрани, Дука рече дека се навршија две години од прославата на победата во плоштадот Скендербег на поранешниот градоначалник на Општина Дебар, покојниот Ружди Љата, но ние сме тука за да ја продолжиме ова незавршена мисија.
– Несомнено дека ќе го победиме овој мандат заедно како го победивме во 2017 година. Ви ветувам дека по добивање на мандатот за градоначалник на Општината, работите ќе ги реализирам со приоритет. За реализација на овие работи имам една сигурна база која ми гарантира успех. Ќе го почитувам законот за локална самоуправа при што ќе успеам да постигнам ефект на рамноправен третман за сите граѓани и различни субјекти кои што дејствуваат во градот. Ова е нашата заедничка визија за да го изградиме Дебар како што сакаме. Со започнување на изборната кампања, во мое име и во името на ДУИ го бараме гласот од граѓаните на Дебар бидејќи ние имаме реални ветувања и гаранции – истакна кандидатот за градоначалник на општина Дебар од редовите на ДУИ, Хекуран Дука.
Шефот на изборниот штаб на ДУИ, Изет Меџити, пред присутните рече дека на неговата партија не и треба победата за да се истакне пред другите политички партии, туку на ДУИ и треба градоначалник на сите граѓани на Дебар и воедно градоначалник кој ќе реализира проекти за доброто на жителите на Дебар.