| Вести денес: 0

Нови паркови ќе никнат во Карпош

На средбата станало збор и за изградба на Спортско – адреналинскиот парк кој ќе биде лоциран долж Кејот на Вардар, од вештачката карпа до бунарите на рeката Лепенец.

259

Планирано е хортикултурно да се уреди потегот спроти хотелот „Карпош” на улицата Шекспирова, да се  разубави делот околу Драмскиот театар и редот кај „Тинекс” маркетот во Карпош 2.

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев по средбата со директорот на „Паркови и зеленило“ Адријан Муча и оперативниот директор на претпријатието Игор Вељаноски најави ново зеленило и на потегот долж булеварот 8 Септември, како и делот од спротива, а ќе се разубави и потегот на ул. Љубљанска, поточно, зеленилото спроти кафе барот „Чаптер”.

– Имаме шанса да добиеме нови „бели дробови” не само за Карпош, туку за целиот град. Нашата намера е да започнеме со изведба на содржинскиот дел од паркот и веќе добивме грант од Светска банка за оваа намена, но потоа, целосно да го уредиме и продолжението на овој потег, за што ни е потребна поддршка од страна на ЈП „Паркови и зеленило” и градските власти – истакна Богоев.

На средбата станало збор и за изградба на Спортско – адреналинскиот парк кој ќе биде лоциран долж Кејот на Вардар, од вештачката карпа до бунарите на рeката Лепенец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...