Груевски: Има лом да биде по изборите, ќе ја засенат и Кацарска

3948
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Осудениот поранешен премиер Никола Груевски од Будимпешта ја коменира судската одлука во случајот „Тенк“ на СЈО за кој доби две години затвор и ја споредува со ослободителната пресуда за премиерот Зоран Заев во „Поткуп“, а за која допрва треба да се изјасни Апелацискиот суд.

„Најверојатно апелациските судии и Кацарска во Основниот суд претходно брзаа да го решат предметот „Тенк“, за да не ме држат во неизвесност и во исчекување. Тоа е преголема почит, да ми помогнат, од љубов, хуманост и човекољубие…

А ова што го развлекуваат за Заев по година, две и повеќе е за да го измачуваат. Да види тој како е година две да не ти го решаваат предметот, па дури потоа да те ослободат.

Интегритет покажуваат. Не го фермаат. Го ослободуваат и чао, кој го прашува, не му се плашат!

Сега после избори, или ако сакаат уште малку да го мачат можеби и подоцна, кога ќе му „треснат“ на Заев една ослободителна пресуда на маса овие од апелација, ќе ја засенат и Кацарска…

Па изнервиран тој од нив, кога ќе фати да ги унапредува, има лом да биде…“, пишува Груевски на Фејсбук.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...