Возрасна жена, на околу 70 години, е жртвата која паднала во водите на реката Вардар во центарот на Скопје, говорат првичните информации од терен откако претходно Плусинфо објави дека е изваден трум по постот во близина на комплексот банки.
Според сцедочења од очевидци, жената прво била видена како се симнува по скали кај Вардар, а потоа таа паднала во реката и не можела да се извлече.
Водата ја носела стотина метри, по што нејзиното тело е извадено кај мостот.
Во текот на денот се очекуваат и информации од МВР од каде треба да го утврдат и идентитетот на жената.
На лице место излегоа и екипи на Итната медицинска помо и на полицијата.