Неверојатно. Често пати велам дека вести од ваков вид, а посебно како наслови на портали кои ги почитувам, без разлика дали се автентични на оние од владата, се всушност, вести, од кои не ти останува ништо друго освен “да се најежиш, три пути од прва“, а новинарскиот коментар на ваквите вести го ценам единствено како “копи/пасте“, за автентично пренесена информација со која, јавноста треба да се запознае, но, арно ама, никогаш не би избегнал дополнителен коментар, впрочем како и на сечија глупавост на властодршците, па и на обидот на сегашнава власт, гласачите да ги катеогризира, дефинира и да ги архивира во владините депоа, како картонски „регистар“ на чија предна страна со големи букви пишува „ЗА ГЛУПАЦИТЕ-ЧИН ВТОРИ“, и на тој начин своите да ги урамат во квалитетна историска рамка. Јебала вас рамка и рамковен, да вас јебе, бре властодршци. И да се разбереме на почеток, ниту ДУИ им направил добро или нешто корисно на оние илјада кои ниту нишале врата а зимале плата, ниту, пак оние кои го прифатиле тој предлог само за да се исполнела рамката чии димензии ниту едните ниту другите ги знаеле, а уште помалку им правите добро вие кои сега им барате реални работни места. Ама чим е рамка, ондак, демек, мора да биде урамена, иначе нема влада,а?. Гонете се бре…
Не завршува одморот за речиси илјада вработени во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, туку им престанува работниот однос, сега и веднаш. Точно 958 лица кои имале статус административни службеници во овој секретаријат од денеска не се повеќе на платен список на владата, и сите добиваат телефонски повици во врска со нивниот престанок на примање плата без да нишаат врата. И, владата ги информира истите дека сите пари кои ги земале од државата доколку ги вратат во рок од 6 месеци, нема да им пресметува камати, а доколку истите не се вратат во предвидениот рок, ќе бидат утужени каде ќе се бара соодветна камата за целиот период на користење на државните пари. Какви консултации, бре, за нови работни места за кои ќе треба да потпишауваат договори и за најмногу два месеци да се очекува секој од нив да започне со работа во државна институција или претпријатие во кое добил распоредување, за овој пат, најверојатно, барем да нишаат врата. Да не биде џабе, а? Ало, Манчевски, Хазби, Заев, Ахмети, на што ви личиме, бре, политички торковци?
Ај што не ја раситнивте пренатрупаната администрација на Груевски и Ахмети, ама сега заради задршка на владиното мнозинство и некакви си апстрактни приоритети околу името, без трошка срам и перде да носите вкави нови решенија за оние кои ни врата не нишале и кој знае колку години за тоа зимале плата, додека вашите директни гласачи се’ погласно реагираат на вашата незаинтересираност за нив и се’ уште само тие знаат како го поминуваат денот, живеат на работ од амбисот со децении очекувајќи го животот за сите па и за нив, за вие, да настапувате се ужасно потценувачки однос прво, кон нив, а потоа и кон секој здраворазумен граѓанин на државава…
Ми доаѓа сочно да опцујам, ама не можам. Многу сум разочаран од лицемерите кои ја добија власта за да продолжат да ја цицаат државата како незаситени полнолетни доенчиња… Срамота…