СВР Велес вчеравечер во 03.30 чaсот на регионалниот пат Велес-Езеро „Младост“, при контрола на возило „шкода фелиција“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 36-годишниот Ќ.С. од село Арачиново и сопатникот 34-годишниот Љ.С. од село Гошинце, општина Липково, полициските службеници пронашле предмети кои потекнуваат од кривично дело – кражба.
Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.