Во Неготино се степале двајца тинејџери

89

Физичка пресметка помеѓу двајца 19-годишници се случила синоќа во 19.30 часот во Неготино. Според пријавата во неготинската полиција, јавниот ред и мир бил нарушен на улицата  „Mаршал Тито”, кога физички се пресметале  К.Л.(19) и У.М.(19).

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, вели дека по целосно документирање на случајот, против двајцата неготинци ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...