Демократската Унија за Интеграција на изборите е определена за концептот за НАТО, за Европска Унија, за заеднички консензуален претседател, а не за евро скептицизам и скептицизам кон НАТО, изјави Арбр Адеми на прес конференција на централниот штаб на ДУИ.
– ДУИ е определена за инсталирање на концептот на консензуалност за главните прашања во земјава, како што е и прашањето за избор на претседател на Република Северна Македонија. Максимално сме спремни за претседателските избори на 21 април, затоа што на земјата повеќе од никогаш и треба претседател прифатен од сите. 2019 година е година на големи одлуки за Западен Балкан и само еден ваков претседател најдобро би успеел да ја балансира тежината на одлуките кои не очекуваат – рече Адеми.
Тој информира дека ДУИ ќе има модерна и интерактивна кампања со директни средби со граѓаните за да истакнат дека патот за НАТО и ЕУ е поставен и не може да се сопре. Адеми вели дека од посебен интерес е кампањата за изборите да помине во мирна, коректна, демократска и празнична атмосфера, како и доликува на една европска земја и нашите граѓани да имаат можност слободно да изберат заеднички претседател.
Тој најави дека денеска ќе отворат штабови во општините Сарај, Бутел и Студеничани и дека кампањата ДУИ ќе ја почне и заврши во Дебар.