Ја тепале гола и ѝ ја избричиле главата, оти одбила да танцува за пријателите на сопругот (ФОТО+ВИДЕО)

713

Уапсени се двајца мажи во Пакистан откако наводно мачеле жена, ја соблечиле гола, ја тепале, па ѝ ја избричиле главата, поради тоа што одбила да танцува за нив.

Случајот го добил вниманието на јавноста откако се појавило видео од жена која се претставила како Асма Азиз и молела за помош.

Асма кажала оти нејзиниот сопруг, Миан Фаисал, заедно со неговите колеги побеснеле кога таа одбила да танцува за нив. Според неа, тие ја понижиле со тоа што ја соблекле гола и ѝ ја избричиле главата и ја тепале со железни цевки.

– Облеката ми беше крвава. Бев врзана и обесена на вентилаторот. Ми се закануваше дека ќе ме обеси гола – раскажала Асма.

Како што додала, Фаисал бил мил и полн со љубов кога се венчале пред четири години, но неговото однесување се сменило.

Асма, која е мајка на тригодишно дете, тврдела оти тој пред шест месеци почнал да ја тепа.

На видеото, таа раскажала како побегнала од дома по нападот, како отишла до полиција а таму не сакале да ја примат нејзината пријава бидејќи немала пари за мито. Била одбиена и кога побарала лекување, повторно, како што кажала, бидејќи не можела да им даде пари како мито.

Нејзините родители биле мртви, па таа не знаела од кој друг да побара помош.

Откако го видела видеото, министерката за човекови права, Ширин Мазари напишала на Твитер дека нејзината канцеларија е известена за апсење на двајца мажи – едниот е Фаисал, а другиот неговиот вработен, Рашид Алија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...