Берлускони се кандидира за европратеник

59
ФОТО: EPA/ETTORE FERRARI

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека ќе се кандидира за европратеник на европските избори во мај, затоа што сака да се бори за „пообединета Европска унија која соодветствува со визијата на основачите на блокот“.

Берлускони ја даде изјавата на конгрес на неговата десноцентристичка партија „Напред Италија“ (Форца Италија). Во последните години партијата загуби дел од својата популарност, затоа што италијанските избирачи се свртуваат кон десничарски партии со антимигрантски и евроскептични пораки, особено партијата „Лига“, коментираат локалните партии.

„Лига“ е дел од владејачката коалиција, заедно со популистичкото Движење пет ѕвезди. Партијата се бори за зајакнување на националната автономија и помалку европска интеграција.

Берлускони истакна дека сака Европа „да се врати кон проектот на татковците основачи, кои сакаа многу пообединета Европа, Европа со само една надворешна политика и само една одбранбена политика“.

ФОТО: EPA/ETTORE FERRARI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...