ГДУ: Не може да има фер избори!

857

Изборите не можат да бидат фер и коректни додека постојат различни услови за учесниците во нив. Не може да има фер и коректен избор кога за малите (новите) партии важи едно, а за големите „играчи“ друго, реагира ГДУ.

Оттаму, Граѓанско Демократска Унија стои позади изјавата на кандидатoт за градоначалник на Општина Охрид, Михаил Трендафилов-Нанче, дадена денеска по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори.

„Во една земја во која постои Устав и закони нема потреба да потпишуваме кодекс за фер избори. Ако некој ги прекрши фер изборите, треба согласно законот да одговара. Коректните работи ќе се видат. Некоректните треба да се санкционираат. Ние зборуваме цело време за демократија, но изгледа демократијата е заборавена. Демон-кратија. Не очекувам фер избори, како можат да се фер кога за едни се дозволуваат милиони да се трошат за избори, за некого цел половина билборд. Малите не можат да се истакнат, што значи малите се санкционирани. Според мене многу работи ќе треба да се сменат. Ако е вака, малите никогаш не ќе можат да дојдат на сцена, без финансиска помош, колку и да се добри“, рече нашиот кандидат Михаил Трендафилов-Нанче.

ГДУ јавно упати неколку прашања:

„Фер и коректно ли е едни политички чинители да можат да трошат милиони за предизборна кампања, а други (во случајот нашата партија) да добијат право на еден билборд? Во што се изразува декларативната заложба за фер и коректност кога малите партии од старт се осудени да се борат во нерамна битка со партиите на статус- квото? Одговор не очекуваме, но им порачуваме на СДСМ и ДПМНЕ дека граѓаните ќе им го покажат црвениот картон на 21 април 2019 година“, порача ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...