Ѓорчев: Ваква анархија никогаш немало, гори Македонија, а Заев си пие кафе во чаршија ВИДЕО

1006

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев денеска  му порача на премиерот Заев дека време е за оставки и некој да поднесе одговорност за пожарите што беснеат низ Македонија.

– Со недели и недели половина Македонија гори, никој не превзема одговорност. Г-дине Заев време е за оставки, време е за разрешување. Имаме ситуација во која како никогаш досега, во месец март има повеќе од петстотини пожари низ Македонија којшто никој не ги гаси, за којшто ништо не се превзема и не се бркаат сторителите. Се работи за пустош низ Македонија, се работи за невидена анархија досега во историјата на Македонија којашто многу, многу ги чини граѓаните на Македонија. Исчезнуваат шумите, горат овошни насади на луѓето, имаме евакуирање на цели села. Прашање на време е кога ќе дојдат жртви – изјави на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев кој додаде:

– Никогаш во Македонија немало повеќе од петстотини пожари во месец март. Тоа значи дека нема држава. Тоа значи дека нема институции. Тоа значи дека има целосна спрега на криминалот заедно со државните институции. Вклучени се шумската мафија, вклучени се институциите на полицијата, локалните власти и министерствата. Не може во Македонија да има повеќе од петстотини пожари, а институциите да се индиферентни. Има таква зачмаеност, да има таква негрижа. Оваа негрижа многу ги чини шумите многу ги чини граѓаните, имотите на луѓето коишто ги имаат уништено. Се уништуваат националните паркови. Во време додека Зоран Заев оди и се поздравува и пие кафе низ чаршијата во Охрид гори струшко, гори Галичица, гори Преспа, гори трската. Никој ништо не презема. Тоа е невидена негрижа – рече Ѓорчев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...