Вардар заслужено се пласираше во четврт-финалето од Лигата на шампионите. И на домашен терен „црвено-црните“ беа подобри од Загреб и вечерва победија со 32-30. Гостите се заканија пред крајот, кога останаа со двајца ракометари помалку, но Скубе и Чупиќ му ја осигураа победата на Вардар.
Иван Чупиќ со девет и Тимур Дибиров со четири гола беа најефикасни во домашната екипа, Златко Хорват со 11 голови се истакна во хрватскиот тим.
Следен предизвик за Вардар е завршниот „фајнал фор“ турнир во СЕХА Газпром лигата што ќе се одржи во вторник и в среда во Брест, Белорусија