Пријавете се за субвенции од 30.000 денари за печки на пелети

696
20151130 Monday 1420 sednica na sovetot sovet na grad skopje

Градот Скопје денеска го објави јавниот повик за надоместување дел од трошоците на  граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот. 

Градот Скопје на граѓаните што имаат купено печки на пелети од 07.11.2018 година до денот на завршувањето на повикот ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70 отсто, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Овој повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“, информираа од Град Скопје.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 30. ноември 2019 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.

Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата Интернет-страница дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

 

Јавниот повик може да го погледнете на следната интернет врска:

http://www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/Javen%20povik%20pecki%20na%20peleti%202019.pdf

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...