Пожарникарите на неколку локации им се спротивставуваат на огнените стихии, а Преспа и денеска е во пламен. Пожари има и во Националниот Парк Галичица огнот досега уништил над 300 хектари шума и трска на крајбрежјето.
Пожарот на Преспанското крајбрежје почна вчера кога биле запалени диви депонии и стрништа кај туристичката населба Сирхан во близина на Отешево. Овој пожар се проширил и на трската на крајбрежјето, но и на дел од овоштарниците.
Силниот ветер го префрлил пожарот и преку асфалтниот пат, кон Националниот парк Галичица.