Џафери: Неуспехот на преговорите за СЈО не треба да го покрие Собранието

898

Неуспехот на преговорите за СЈО не треба да го покрие Собранието, ѝ порача од својот Фејсбук профил собранискиот спикер, Талат Џафери, на министерката за правда Рената Дескоска.

Дескоска претходо му забележа на Џафери за изјавата дека и партиите да се договорат за СЈО, додека не завршат претседателските избори, тој нема да закаже седница за да се изгласа законот.

Џафери додаде дека отсега комуникацијата меѓу нив ќе се води само по институционален пат и согласно собраниските процедури.

вели

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...