Џоли бара повеќе жени во мировните мисии на ОН

86

Актерката и амбасадорка на Високиот комесаријат на Обединети нации за бегалци (УНХЦР) Анџелина Џоли на конференција за мировните мисии на ОН, на кои присуствуваа и десетици министри за одбрана истакна дека „треба уште многу да се направи за да се зголеми бројот на жени во мировните мисии на ОН“.

Таа наведе дека се сретнала со некои „исклучителни женски членови на мировните мисии“ и го пофали фактот дека се зголемува бројот на жени во мировните мисии и оти таквиот тренд е забележан во африканските држави.

– Жените се заштитнички како мајки, чуварки на мирот и бранителки на човековите права и тие веќе придонесуваат за мирот без признанија и славење на нивните напори, бидејќи сметаат дека тоа е природно за нив, посочи Џоли.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...