Заев: Итно ни е потребна преквалификувана работна сила

1137

Неопходно е итно преквалификување на работната сила за македонското и стопанството во Пелагонија, средена инфраструктура и слободен проток на работната сила во регионот, истакна премиерот Зоран Заев по денешната средба во Прилеп со стопанствениците од Прилепско-битолскиот регион.

Според премиерот Заев, Пелагонискиот регион партиципира со 12 проценти во бруто домашниот производ. Отворени се повеќе теми. Мора да се развива продуктивноста и конкуретноста на домашното производство.

– Иако невработеноста е 19,4 проценти во државава, од кои 50 отсто невработени се со основно, околу 26 проценти со средно образование, а најмал е процентот невработени со високо образование. Тоа го крева алармот во државата дека мора брзо да ја квалификуваме работната сила за да имаме економски развој и младите луѓе да најдат образование. Зборувавме за двата модалитета – дуалното образование и потребата да направиме практична едукација. Оваа практична едукација е поддржана со 20 милиони евра преку Агенцијата за вработување, кои бизнисмените може да ги користат како средства. Вториот дел е преку образовниот процес, да има практична едукација во средните стручни училишта. Со законските измени намалени се прекршочните казни при инспекциските контроли и од досегашните максимални казни од 5 000 евра, сега се од 50 до 2 000 евра, односно, повеќе од 60 отсто, но прво со опомена, а потоа казна. Мобилност на квалификуваната работна сила, значи дека дел од нашите квалификувани кадри кои не може овде да најдат работа, но и дел од квалификуваната работна сила од соседрвото овде да најде работа. Тоа е во делот на европската економска агенда.за регионот, но и либерализацијата на визните режими. Тие дебати се отворени во Владата, изјави Заев.

Македонија е стабилна на меѓународен план, сега е, вели, време да се работи на равој на економски план.

-Имаме добра клима, особено на меѓународен план, пријателство со соседните земји, до крјаот на оваа и почетокот на 2020 очекуваме членство во НАТО, во јуни очекуваме почеток на преговори за членство во ЕУ, па економските перспективи во државата се огромни. Заедничка задача на сите е да ги зголемиме продуктивноста и конкурентноста на домашното стопанство, ако сакаме да донесеме економски живот за сите граѓани и младите да останат во земјава, а и бизнисмените да бидат задоволни и мотивирани да имвестират овде, смета Заев.

Битен е, нагласува и развојот на инфраструктурата.

– Разговаравме за патните правци во целиот регион, особено за експресниот пат Градско-Дреново-Прилеп, се подготвува документација за патот Прилеп-Битола што се значајни проекти за развој на овој регион. Разговаравме за идејното решение за да се пробиеме преку Бабуна-Велес-Прилеп-Битола до Меџитлија. беше најавена и програмата од 70 милиони евра за локалните патишта за проектот „Македонија без кал“, рече Заев по денешната средба со стопанствениците од Пелагонискиот регион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...