Кој ќе го замени министерот Адеми од Алтернатива во заминување?

Неофицијално, три имиња сега се вртат во круговите на владеачката СДСМ: Аднан Џаферовски, Цветанка Ласкова и Едмонд Адеми, јави телевизија Телма.

468

Кој ќе седне во министерската фотеља во ресорот Култура, по повлекувањето на актуелниот министер Асаф Адеми, поради здравствени причини ?

Неофицијално, три имиња сега се вртат во круговите на владеачката СДСМ: Аднан Џаферовски, Цветанка Ласкова и Едмонд Адеми, јави телевизија Телма.

Извори од партијата велат дека биле многу задоволни од реформите кои нивниот член, Аднан Џаферовски ги спровел во Дирекцијата за заштита и спасување, како директор.

Па, размислувањата тој да го замени Адеми од Алтернатива, кој беше именуван за министер во владата на Заев, кога за превласт во Беса судски се спореа крилото на Билал Касами и тоа на Африм Гаси, во партијата ги темелеле на очекувањата Џаферовски да спроведе брзи и ефикасни реформи во Министерството за култура и да ја намали превработеноста во оваа институција.

Цветанка Ласкова е актуелен посебен советник за култура на премиерот Заев, долгогодишен координатор на Форумот на жени на СДСМ, а беше вклучена и во ревизијата на Годишната програмата за култура, изјавувајќи дека е мост меѓу ресорното министерство и Владата.

Едмонд Адеми е министер без ресор, задолжен за дијаспората. Неговото име како потенцијален министер за култура беше во оптек со доаѓањето на владеачката коалиција на власт, но премиерот Заев тогаш му даде шанса на Роберт Алаѓозовски. Нашиот изворот од СДСМ вели дека Асаф Адеми веќе втора седмица користи боледување и не доаѓа на работа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...