Лицемерието на ВМРО ДПМНЕ нема крај, нивните амандмани се уште еден доказ дека тие воопшто не се грижат за граѓаните. Во последните 10 години, за време на ВМРО ДПМНЕ повеќе од 400.000 луѓе живееа под линијата на сиромаштија, додека најбогатите 1% од населението стануваа се побогати, соопштија денеска од СДСМ.
Оваа Влада, предводена од СДСМ е цврсто решена и ја менува оваа состојба. Со социјалната реформа бројот на домаќинства кои ќе бидат опфатени со енергетскиот додаток драстично расте од околу 5.000 на најмалку 30.000 граѓани.
Со ова право ќе бидат опфатени сите приматели на гарантирана минимална помош и за разлика од досега веќе нема да им се бараат потврди за платени сметки и да се ограничува помошта токму на оние на кои им е најпотребна. Исто така, за првпат се воведува ново право за социјална сигурност на стари лица, со што се овозможува достоинствен живот за оние кои го граделе нашето општество.
Штетните политики на ВМРО ДПМНЕ создадоа систем кој им служеше само на нивните партиски елити, на сметка на најранливите граѓани.
Со новите законски решенија се исправаат многу неправди и се гради основа за вистински еднакво општество. Социјалната помош се зголемува за 300%, а бројот на деца кои ќе добиваат детски и образовен додаток ќе порасне за 20 пати.
ВМРО ДПМНЕ упорно продолжува да се грижи единствено за нивните партиски елити.
ВМРО ДПМНЕ да не си поигрува со најранливите во нашата држава, да престанат да манипулираат со јавноста и да почнат да работат за интересите на граѓаните, велат од СДСМ.