Тетовската полиција го уапси Жарко Гроздановски, „лидер” на организацијата „Христијанско братство“, кој со видео–снимка објавена на социјалната мрежа фејсбук му се закануваше на премиерот Зоран Заев и на сите останати членови на владата, јави 24 Вести.
Од МВР велат дека вчера во 19 часот и 50 минути во Тетово е уапсено 46-годишното лице Ж. Г. Од селото Брвеница, Тетово, кое околу 15 часот на социјалните мрежи, објави видео со заканувачка содржина.