Во дневникот на 1тв, шефот на Републичкиот изборен штаб за претстојните претседателски избори на ВМРО, Игор Јанушев изјави дека ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката Гордана Сиљановска Давкова, се комплетно подготвени за договорените дуели со противкандидатите од СДСМ, Стево Пендаровски и од Алијанса за Албанците и Беса, Блерим Река.
-Од она што го имаме како информации договорени се 3-4 дуели за кои сме подготвени и отворени, во исчекување сме и се надеваме дека Пендаровски нема да избега од дуел – вели Јанушев.