„Некст тајм“ на муабет кај Иванов ВИДЕО

1600

Браќата од бендот „Некст тајм“ го посетија претседателот, Ѓорге Иванов, во Вила Водно, пред истекот на неговиот мандат.

„Огромна чест е што денеска имавме можност да бидеме гости кај претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и да зборуваме на многу теми. Свесни дека не секој и секогаш има можност да седне на иста маса со него, така што веруваме дека овој момент ќе остане вечно во нашите сеќавања“, напишаа Мартин и Стефан, кои се во жижата по препевот на народната песна „Нешто ќе те питам бабо“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...