Согласно со Законот за заштита и спасување и Законот за шумите, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) алармира за зголемената опасност од пожари на отворен простор.
– Поради зголемените температури и настапувањето на сушниот период е зголемена опасноста од појава на пожари на отворен простор и ваквата состојба наложува итна мобилност на сите субјекти во заштитата од пожари – ЈП Македонски шуми, единиците на локална самоуправа, територијалните противпожарни единици, УХМР. За таа цел ДЗС ги посочува следните предупредувања до сите субјекти да постапуваат согласно надлежностите од член 34 и 35 од Законот за заштита и спасување – соопшти ДЗС.
Taa aпелира градоначалниците активно да се вклучат со персонална и материјална помош во гаснењето на шумските пожари по барање на ТППЕ и ЈП Македонски шуми, доколку со ангажираните персонални и материјални ресурси нема можност да го локализират појавениот пожар.
– Дирекцијата за заштита и спасување во континуитет, по 24 часа, е активна на терен со сите свои човечки и материјално-технички ресурси, вклучувајќи ги воздухопловите на Одделението за специјализирани услуги со воздухоплови при ДЗС – наведува Дирекцијата за заштита и спасување,