Кумановец измамил братучетка, ѝ ветувал вработување во државна институција

134

Кумановка пријавила во полиција дека била измамена од братучед кој ѝ ветувал вработување во државна институција, соопшти денеска СВР Куманово.

Четириесет и тригодишната У. С. вчера пријавила во полицијата дека нејзиниот братучед М. Г.  ѝ понудил да ја вработи во државна институција и побарал да му даде 5.500 евра.

Таа се согласила, зела пари на заем и му ги дала, но потоа пријавениот почнал да  одбегнува контакт со неа.

Пред две недели, таа отишла во институцијата во која наводно ќе ја вработел нејзиниот братучед и сфатила дека е измамена и оштетена за сума од 338.800 денари.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...