Во палети за цвеќе преку Табановце сакал да прошверцува 350 кг марихуана ГАЛЕРИЈА

998

Цариниците од граничниот премин Табановце, спречија обид за шверц околу 350 килограми марихуана.

Државјанин на Албанија на возраст од 62 години, со товарно возило утрово околу 1.30 часот се пријавил за излез од државава.

„При преглед на возилото, во 130 специјално изработени палети за транспорт на цвеќе натоварени во возилото, царинските службеници пронајдоа околу 350 килограми опојна дрога марихуана“, наведоа од Царинската управа.

Против него до кумановското обвинителство ќе се поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...