Владата ќе одобри пари за реконструкција на спортската сала во Куманово, договориле премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
– Значаен проект е спортската сала, за која се потребни од 600.000 до 800.000 евра за да се реконструира, затоа што спортот е многу важна работа и државата треба да помогне – рече премиерот Зоран Заев на трибина во Куманово.
Спортската сала во Куманово е изградена 1980 година и има капацитет од 4.150 седишта. Проектирана е од архитектите Трајко Димитров и Живко Гелевски во 1979 година.
Проектот за реконструкција на салата изнесува 2 милиони денари и се финансира од општинскиот буџет.