Црквите во Чешка ќе плаќаат данок

101

Долниот дом на чешкиот парламент одлучи да се оданочуваат парите што црквите ги добиваат како надоместок за запленетиот имот во време на комунистичката власт. Тоа всушност беше главно барање на сегашната Чешка комунистичка партија, за поддржување на малцинската влада од левиот центар.

Парламентарците од владејачката партија – Акција на незадоволните граѓани (АНО) на претседатеот на Владата Бабиш и нивните коалициски партнери, социјалдемократите, се согласија со комунистите и крајнодесничарската партија Слобода и директна демократија, па предлог-законот помина со 106 гласа. Долниот дом има 200 пратеници.

Обесштетувањето на црквите, најмногу на Католичката црква, стартуваше во 2013 година и изнесува околу 78 милиони евра годишно, за време од 30 години. Се работи за црковниот имот, кој бил запленет по Втората светска војна. Сево ова треба да добие зелено светло и од Горниот дом на парламентот, а некои пратеници најавија дека ќе бараат мислење околу уставноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...