Денови на Саем во „Зинес“

Од 28 март до 1. април ќе може да се погледнат повеќе од 100 модели тапациран мебел, гарнитури, кревети, како и ексклузивни трпезариски маси и столици.

705

Македонската компанија за производство и продажба на мебел, „Зинес“ ДООЕЛ, оваа
година организира куќен саем за мебел во нови простории, на површина од преку
2000 м2.

Од 28 март до 1. април ќе може да се погледнат повеќе од 100 модели тапациран
мебел, гарнитури, кревети, како и ексклузивни трпезариски маси и столици.

„Зинес“ ДООЕЛ веќе 10 години е активна на европскиот пазар и е еден од најголемите
македонски извезувачи на мебел во Германија, Швајцарија и пошироко.

Покрај големиот избор на модели, бидејќи станува збор за домашно производство со
европски квалитет, „Зинес“ ви нуди можност и за порачки по ваши димензии,
различни бои и материјали. Испораката и монтажата се бесплатни за територијата на
цела Македонија.

Информации за контакт на официјалната страна www.zines.com.mk

(комерцијален текст)

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...