Скулптура од претседателот на САД, Доналд Трамп, на која е без облека, во мај ќе биде понудена на аукција во Њу Џерси.
Од аукциската куќа „Џулиен“ соопштиле дека тоа е единственото преостанато дело на анархистичкиот колектив „Индиклајн“.
При изборот на Доналд Трамп за претседател, други такви скулптури биле уништени додека биле изложени во Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес и Кливленд.
„Голиот Трамп“ ќе биде на аукција на 2 мај, по цена од 20.000 до 30.000 долари.