Грчкиот премиер Алексис Ципрас во вторник на 2 април ќе ја посети Северна Македонија, потврдија од Владата.
Делегацијата што ќе ја предводи Ципрас ќе биде пречекана на аеродромот во Скопје, по што следува свечен пречек со високи државни почести на платото на Владата на Република Северна Македонија. Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе имаат билатерална средба, а ќе има и меѓувладина седница. Потоа и зедничка прес-конференција во Владата. Ќе биде одржана и меѓувладина седница.
Предвидено е грчкиот премиер да има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.
Во попладневните часови премиерите Заев и Ципрас ќе го отворат Бизнис форумот кој ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“.
Грчкиот премиер доаѓа во Скопје и со бизинис делегација што ќе сочинуваат преставници на над 70 големи и средни компании.
Делегацијата е поддржана од грчката компанија за инвестиции и надворешната трговија „Enterprise Greece“, надлежното државно тело, под надзор на Министерството за економија и развој, за привлекување инвестиции во Грција и за промоција на извозот.
Photo: EPA / FRANCOIS WALSCHAERTS / POOL