Николас Кејџ се најде на насловните страници на таблоидите поради начинот на кој ја вадеше дозволата за венчавање во Лас Вегас – прво го факаше апаратот за дозволата, а потоа избезумено повторуваше „нема да се венчам, ќе ми ги земе сите пари, нејзиното поранешно момче е нарко-дилер“.
Истата вечер, сепак, го изговори судбоносното „да“ (по третпат), а „среќната невеста“ е Ерика Коике, убавицата со која Кејџ е во врска само неколку месеци.
Ерика безуспешно се обидувала да го смири повторувајќи: „Душо, јас не побарав од тебе ова да го направиме.“
Вработените го одвеле во канцеларијата и таму ја решиле ситуацијата, а неколку минути подоцна Николас и Ерика излегле со дозволата.
Неколку дена брачна „среќа“ и веќе е поднесено барањето за поништување на бракот!
Николас Кејџ го поднел барањето „бидејќи бил премногу пијан за да знае што прави“.
Барањето го поднел во судот во Лас Вегас и во него стои дека „подносителот на барањето бил во таква состојба така што не знаел што прави“. Во барањето стои и дека „господин Кејџ не знаел дали личноста со која се венчава има криминално минато“ и дека затоа најдобро би било овој брак да се поништи.