Претседателот на СДММ и директор на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски во телевизиско гостување правеше споредба помеѓу Зоран Заев и Јосип Броз Тито.
Во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 тој вели дека ние на децата и внуците ќе им раскажуваме како Заев со Владата успеал да го реши деценискиот спор, исто како што за „наштите родители најмногу направил Јосип Броз Тито“.