На имотот на Мехе Маулалиќ, фармер од Поточар, во Сребреница, овца на свет донела јагне кое има 6 нозе – четири предни и две задни. Малаулиќ вели дека бил изненаден од глетката.
– Двете предни нозе се нормални, а две се пократки. Ги известив ветеринарните станици, на што тие ми предложија да се отстранат двете пократки предни нозе. Тоа го направија без да ми земат пари, но јагнето не застана на нозе – појаснил Маулалиќ.
Поради тоа, за него во шталата е обезбедено посебно сместување, а кога цица мора да се држи. Додека овцата и другите јагниња одат да пасат, тоа останува во шталата. Малаулиќ се надева дека брзо ќе закрепне.