Пар скоро две години злоставувал и ѕверски мачел 28-годишничка. На двојката и се заканува до 15 години затвор.
Случајот кој ја згрозил Србија бил откриен лани, во средината на октомври. По анонимен повик, полицијата упаднала во куќата на 28-годишната Милева Мартинов и нејзиното момче, 36-годишниот Ненад Петровиќ. Таму ја начекале несреќната жена малтретирана и во очајна здравствена состојба.
– Мачената кажа дека кај своите мачители пронашла заштита, откако побегнала од семејството, каде трпела насилство. Првите месеци добро се сложувале, но потоа куќата за неа станала пекол поради љубомората на Милева. Таа почнала брутално да ја злоставува, и физички и психички, а набргу во тоа се приклучил и Ненад. Покрај тепањето, ги корнеле нејзините нокти, ја терале да јаде измет, а наводно Милева ја силувала со метла – рекол извор за „Курир.рс“.
Робинката на двојката тешко се разболела и имала карцином.
– Толку ме мачеа, што ги молев да ме убијат. Еднаш се обидов да побегнам, но ми беше страв дека ќе ме фатат. Носеа мажи да имаат секс со мене, а за тоа земаа пари. Ме тераа и да просам – наводно раскажала таа.
ФОТО: Курир.рс