Фејсбук се подготвува за изборите за Европски парламент

45

„Фејсбук“ воведува построги правила за политичко рекламирање и за Европската унија, со што социјална мрежа се подготвува за изборите за Европски парламент.

Со новите ограничувања ќе бидат запознаени сите рекламни агенции, соопшти компанијата и изрази надеж дека дополнителните проверки на идентитетот и локацијата ќе создадат реална бариера пред секој кој планира да ги искористи рекламите за надворешно мешање во изборите во одредена земја.

Ограничувањата се однесуваат на содржина поврзана со предизборна кампања на политичари или политички партии, како и за политички реклами кои имаат за цел агитирање или одвраќање на луѓето од гласање. Слични мерки беа воведени во последните месеци за изборите во Индонезија и Канада.

Фејсбук веќе воведе услов секој огласувач, кој сака да објави политичка реклама, да биде проверен и да го потврди својот идентитет и локација. Ако не биде одобрен, нема да има право да објави реклама. Овој вид на рекламирање исто така ќе биде обележан, а огласувачот ќе мора да покаже кој е изворот на финансирањето. Овие нови правила првично се воведуваат во САД, а во наредните месеци и во остатокот од светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...