Хорор во Гватемала: Возач на камион усмрти 18 случајни минувачи

261

Најмалку 18 лица загинаа кога возач на камион се втурна во маса народ, кои застанале за да видат сообраќајна несреќа која претходно се случила.

Возачот на камионот веднаш побегнал од местото на настанот, кој се случи денеска во западниот град Нахуала, јави Би-Би-Си.

Министерството за здравство информираше дека најмалку 19 лица се пренесени во болница со повреди, а Владата прогласи тридневна жалост.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...