Независните од ВМРО – ДПМНЕ порачаа во јуни да почнат преговорите со ЕУ

1144

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија информира дека оствариле едночасовна средба со работната група на Советот на Европската Унија за Западен Балкан.

„На средбата ги искажавме нашите силни очекувања во јуни да бидат отворени пристапните преговори кон ЕУ. Нашата заложба и посветеност кон реформските процеси останува приоритет и цел за понатаму. Добивме признание за нашата досегашна работа и охрабрување да продолжиме во тој правец. Низ интерактивна дебата отворивме низа важни прашања за актуелната политичка ситуација и идните предизвици за македонското интегрирање во европското семејство, каде што е нашето место“, вели независната пратеничка група.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...