Бугарскиот портал 24 часа ја објави веста за намалувањето на казната на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, осудена во случајот „Тенк“, но направи голема грешка – веста ја илустрираше со фотографија од кандидатката за претседател, Гордана Силјановска.
Веста се однесува на денешната одлука на Апелацискиот суд со која ѝ се намалува затворската казна на Јанкулоска од 6 на 4 години во случајот во кој беше осуден и поранешниот премиер Никола Груевски кој побегна во Унгарија.