Пожарoт во Липково е изгаснат, Дирекцијата бара мерки на државно ниво

48

Од Дирекцијата за заштита и спасување предлагаат преземање мерки на државно ниво во однос на состојбата со пожарите додека, како што велат оттаму, ситуацијата не излегла надвор од сите рамки.

Оттаму информираат дека и покрај секојдневните апели до населението и релевантните служби пожари се уште се подметнуваат и ја загрозуваат природата и луѓето.

Денеска, како што соопштуваат е интервенирано и изгаснат е пожар во Липково каде биле исфрлени 25 тони вода.

– После неколку неделно активно интервенирање на повеќе локации во државава, и денеска, Одделението за специјализирани услуги со воздухопловни пилоти и технички персонал при Дирекцијата за заштита и спасување, делуваше на гаснење шумски пожар на отворен простор, на реонот на општина Липково во подрачјето на селата Никуштак-Виштуца-Матејче – наведуваат во соопштението од Дирекцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...