Заев: Се разгледуваат повеќе опции за Законот за јазици

689

Има неколку опции кои се разгледуваат поради непотпишувањето на указот за Законот за употреба на јазиците од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов, рече премиерот Зоран Зеав.

Според него, целта на Владата е конечно Собранието да ги знае своите надлежности, како и претседателот.

– Можеме да бидеме две спротивставени страни, можеме да бидеме политички различни, но не смее ниту една институција во Македонија да биде блокирана. Од тој аспект ова е извесно решение, пред Уставниот суд да се разграничат надлежностите и да се дадат насоки за разрешување – рече Заев.

Тој додаде дека правниците кои работат во владата и во Собранието работат и на други механизми за решавање на проблемот, но засега не кажуваат кои се, бидејќи треба да бидат извесни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...