Скопското обвинителство ја заврши истрагата за кражбата во црквата „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров и поднесе обвинителен предлог против едно лице, како и барање да му се продолжи притворот.
„Обвинетиот кражбата на 150.000 денари ја извршил ноќта меѓу 22 и 23 март годинава. Тој насилно ја отворил влезната врата на црквата и влегол внатре. Со намера противправно да присвои финансиски средства, тој ја разбил дрвената каса и од неа одзел 120.000 денари. Потоа се упатил кон внатрешната продавница во склоп на црквата, исто така насилно ја отворил и од фиоката одзел уште 30.000 денари“, потсетуваат од ОЈО Скопје.
Осомничениот крадец и претходно е осудуван за кражби и други кривични дела и за да не избега, обвинителот побарал тој да остане во притвор.