Маскирано лице ноќеска околу 1,20 часот со закана со пиштол извршило грабеж во казино во Скопје.
Инцидентот се случил во казиво на улица „Васил Чакаларов“, кога напаѓачот извршил разбојништво врз двајца вработени при што одзел 200.000 денари.
Извршен е увид на местото на настанот, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.