Том Круз ѝ забранил на Никол Кидман да присуствува на венчавката на нивниот син поради бизарна причина

Конор Круз ќе се ожени со неговата девојка од Италија, Силвија, на церемонија која ќе биде одржана по скиентолошки обичаи.

1524

Холивудскиот актер Том Круз ѝ забранил на својата поранешна сопруга Никол Кидман, да присуствува на венчавката на нивниот посвоен син Конор, пренесуваат светските медиуми.

Конор Круз (24), кој е скиентолог како неговиот татко, ќе се ожени со неговата девојка од Италија, Силвија, но Никол не е добредојдена на свадбената церемонија, пишува „Дејл мејл“.

Церемонијата  ќе биде одржана според скиентолошки обичаи.

Виновник, како што тврдат странските медиуми, е токму Том Круз, кој го барал ова.

– Том стои зад ова и неговиот збор е Божја заповед. Конор го прифатил барањето на Криз – рекол извор за „Радар онлајн“, и додал дека Конор прифаќа сè што ќе му каже неговиот татко.

Свршеницата на Конор ја нарекуваат „скиентолошка принцеза”, која е, исто така, следбеник на скиентологијата, заедно со нејзиното семејство, кое се преселило на Флорида од Италија.

Како што е познато, Никол Кидман и Том Круз се венчале во 1990 година и посвоиле две деца, Конор и Изабела.

Кидман и Круз се развеле во 2001 година, а Том го задржал старателството над децата, со образложение дека Конор и Изабела се посветени скиентолози кои избрале да останат со својот татко.

– Прво, Том никогаш не би ни помислил да ја покани Никол на венчавката на Конор, бидејќи скиентолошката црквка ја смета суперсивна личност и Том не ја сака таму – рекол неименуван соговорник.

Имено, Никол рекла дека скиентологијата е виновна за уништувањето на нејзиниот брак со Круз. Ја обвинува и за лошиот однос кој го има со децата. Кидман инаку ја пропуштила и венчавката на ќерката Изабела во 2015 година.

Во интервју од минатата година, Никол рекла дека не е скарана со својата ќерка.

„Децата ги носат своите одлуки. Тие одлучија да бидат скиентолози и како нивна мајка, моја задача е да ги сакам.“

Инаку, Том Круз ја обожува својата идна снаа Силвија, која е, исто така, скиентолог, како и нејзиното семејство.

ФОТО: EPA-NINA-PROMMER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...