Претседателот на Собранието Талат Џафери нема да закаже седница на која ќе се расправа за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) додека трае кампањата за претседателските избори, дури и ако партиите се договорат за СЈО.
Тој денеска на брифинг со новинарите рече дека нема формална пречка Собранието да заседава во време на изборна кампања, но досегашната пракса покажала дека седниците се злоупотребуваат во функција на изборната кампања, и затоа нема да закажува седници за време на изборниот процес.
Џафери смета и дека нема потреба да се брза и има простор и во текот на мај законите да бидат донесени, бидејќи Извештајот за земјава ЕК ќе го објави подоцна поради европските парламентарни избори.