Седумнаесет годишно девојче од Чаир се води како исчезнато.
Случајот во полициската станица во Чаир вчера го пријавила нејзината мајка Е.С. (38).
Таа ја известила полицијата дека вчера околу 8:00 часот од домот во непознат правец се оддалечила нејзината 17 годишна ќерка.
МВР презема мерки за пронаоѓање на лицето.